Иран планира да развие соработка со Русија во вселенската област, поточно да лансира сателити со руски ракетни носачи, изјави иранскиот потпретседател одговорен за наука и технологија Сорена Сатари по посетата на Меѓународниот авиациско-вселенски салон-2015 во близина на Москва.
– Тоа треба да се случи во рамки на заеднички проекти, односно заедно да проектираме и создаваме сателити, да соработуваме и во создавањето ракети со вселенска намена, потврди Сатари.
Тој нагласи дека како потпретседател на Иран, кој е одговорен за наука и технологија, негова задача е да му гарантира на Иран пристап до најмодерните технологии.
– Иран може да склучи договор со Русија за купување на најмалку два вида воени авиони, додаде Сатари.