Изгаснат пожарот на Велешката депонија

Од:

Изгаснат е пожарот на велешката депонија, соопшти Противпожарната единица од Велес, соопшти вечерва општинската Противпожарна единица.

На гаснењето на пожарот со затрупување со песок работеле повеќе механизирани екипи со булдужери кои ги ангажира Општина Велес.

Инаку, пожарот избувна во вторникот некаде окоу 17 часот, а како што порано изјави градоначалникот Славчо Чадиев го предизвикале земјоделци во околината на депонијата кои ги палеле своите стрништа.

Поради големото количество на пластика, хартија, текстил и секаков друг смет пожарникарите велат дека гаснењето се одвивало многу тешко.

Густиот час кој два дена се издигнуваше од депонијата  предизвика проблеми со дишењето кај голем дел велешани кои живеат во непосредна близина на градската депонија, но и во целиот град, бидејќи чадот брзо се ширеше кон градот.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски