Зголемен патичкиот превоз, намален товарниот

Од:

Во второто тримесечје од 2015 година, во патниот патнички превоз биле превезени 1.898.000 патници, во железничкиот превоз 205.000, во градско-приградскиот превоз 21.270 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 366.150, соопшти Државниот завод за статистика.

Во споредба со истиот период лани, евидентирано е зголемување на превезени патници во патниот патнички превоз за 11,3 отсто, во железничкиот за 7,3 и во воздухопловниот за 4,7 проценти, а намалување од 2,8 отсто има кај градско-приградскиот превоз.

Намалување е регистрирано во товарниот превоз во однос на вториот квартал од 2014 година. Количеството на превезена стока во товарниот патен превоз е намалено за 9,6 отсто, во железничкиот за 36 проценти, а во воздухопловниот превоз за 4,8 проценти.

Би можело да ве интересира

Делумен прекин на железничкиот сообраќај – бојкот на дел од машинскиот и извршниот персонал

Младите жени во Минхен се плашат да користат јавен превоз

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

(ВИДЕО) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ го остави Скопје без автобуси и создаде хаос во јавниот превоз

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска