Во Казахстан ќе се отвори прва светска банка за нискозбогатен ураниум

Од:

Казахстанската Влада и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) потпишаа денеска договор за формирање Меѓународна банка за нискозбогатен ураниум.

Документот го потпишаа во Астана шефот на казахстанската дипломатија Ерлан Идрисов и генералниот директор на МААЕ, Јукио Амано.

Идрисов истакна дека банката ќе биде „многу безбедна, нема да има радиоактивен отпад, а употребеното гориво ќе се уништува согласно правилата на МААЕ“.

Тој нагласи дека банката значително ќе придонесе за јакнење на глобалната нуклеарна безбедност, додавајќи дека „се разгледува можноста во неа да биде складиран нуклеарен материјал од Иран“.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан