50% поевтини билети за опера и балет, пензионерите задоволни

Од:

Пензионерите, со 50 % поевтини билети ќе можат да ги посетат сите културни институции, и да одат во театрите, музеите, опера, филхармонија и балет, ова е една од владините мерки, која на пензионерите им ја соопшти министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

– Владата и натаму ќе продолжи да работи интензивно на спроведување на мерки со кои ќе обезбедува помирен и подостоинствен живот на пензионерите во Република Македонија, како еден од врвните приоритети на Министерството за труд и социјална политика и на Владата генерално, изјави Ристовски.

Пензионерите задоволни, ветија масовно ќе одат на претстави.

– Тоа беа и наши барања, на Градскиот сојуз на пензионерите на Македонија и на другите здруженија, рече потретседателот на Сојузот на здруженија на пензионери, Драги Аргировски Според него, пензионерите и пензионерските здруженија од државата масовно ги посетуваат културните институции и најновите музеи.

.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски

Пензионерски кредит до 60.000 МКД за 10 минути!

Седница на ИО: СДСМ против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

Левица: Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари