Курдската работничка партија (ПКК) има нова стратегија за дејствување и веќе користи луксузни автомобили за самоубиствени напади врз касарни и полициски станици, објави турскиот весник „Сабах“, повикувајќи се на разузнавачки извештаи.
Весникот наведува дека на седницата во Анкара за безбедносни прашања е донесена одлука за нови мерки против нападите на ПКК. Издадена е и наредба до војниците и до полицајците во ризичните региони оружејето да им биде репетирано. Како и припадниците на безбедносните сили во ризичните региони да се возат со автомобили, а не со официјалните возила за да се избегнат бомбашките напади.
Припадниците на безбедносните сили се предупредени да бидат внимателни на социјалните мрежи, да не споделуваат фотографии и адреси.