Белград и Приштина се договорија за телекомуникациите

Од:

Преговарачките тимови на Белград и на Приштина денеска во Брисел договорија решение за проблемот со телекомуникациите во Косово.

Директорот на српската Канцеларија за координација во преговорите со Приштина, Драган Владисављевиќ истакна дека е договорено Србија да има своја компанија во Косово, која ќе им обезбеди на косовските Срби исти телефонски услуги, кои ги користат нивните сонародници во Србија, по истите тарифи.

Владисављевиќ истакна дека договорот е постигнат, но оти ќе биде потпишан во пакет со другите договори, за кои се уште се преговара – формирање на Сојуз на српски општини, за енергетиката и за мостот во Косовска Митровица.

Во моментот во Брисел преговараат српскиот и косовскиот премиер, Алекасандар Вучиќ и Иса Мустафа во присуство на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

– Преговорите се тешки, но верува, дека сме на добар пат, посочи Владисављевиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ