Давутоглу ја повика опозицијата да учествува во привремена влада

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска ги повика опозициските партии да преземат дел од одговорноста и пристапат кон привремена влада, нудејќи им министерски места.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно го именуваше Давутоглу да формира привремена влада, што ќе ја води земјата до нови избори, бидејќи по два месеци преговори пропаднаа обидите да се формира владејачка коалиција.

Давутоглу, кој е лидер на Партијата на прадварта и развојот (АКП), има на располагање пет дена да формира привремена влада, а по Устав е обврзан да понуди места во владата на членовите на опозицијата.

Две од три опозициски партии во парламентот одбија да учествуваат во владата, а Давутоглу нагласи дека нивните пратеници може да добијат место во владата, дури и ако лидерите на нивните партии се против тоа.

Турската Висока изборна комисија денеска потврди дека на 1. ноември ќе се одржат предвремени парламентарни избори.

– Изборите ќе се одржат на 1. ноември, изјави претседателот на Висока изборна комисија, Сади Ѓувен.

Давутоглу има пет дена за формирање на привремена влада, која треба да има претставници и од опозициските партии. Но, двете главни опозициски партии Републиканско народна партија (ЦХП) и Партијата на национално движење (МХП) соопштија дека нема да учествуваат во привремената влада.

Опозицијата го обвинува Ердоган дека сака нови избори со надеж дека Партијата на правдата и развојот (АКП) ќе успее да го врати парламентарното мнозинство, што го загуби на изборите во јуни.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ