Унгарската Влада поднесе предлог-закон кој ќе треба и правно да ја „запечати“ границата на земјата по поставување на оградата долж граничната линија со Србија, изјави денеска државниот секретар во унгарското Министерство за правда Роберт Репаши.
– Кривичниот закон ќе биде построг во делот на прописите против криумчарење луѓе, додека процедурата кон мигрантите ќе биде побрза и поефикасна, најави Репаши.
Тој истакна дека иако секогаш постои можност за жалба, ваквите судски постапки можат да бидат побрзи.