Даријан Пејовски: Да снимиш филм е искуство за кое никој не може да те подготви

Од:

Новиот македонски филм „Три дена во септември“ во режија на Даријан Пејовски влезе во официјалната програма на Филмскиот фестивал во Монтреал (Montreal World Film Festival. Ова ќе биде светска премиера на дебитантскиот игран филм на режисерот Пејовски.

– Со оглед на тоа дека станува збор за светска премиера, филмот ќе го има своето огнено крштевање пред публика. Се надевам дека универзалноста на приказната и искрената емоција која филмот ја содржи ќе искомуницира со гледачите. Се надевам и дека веројатно учеството во Монтреал ќе отвори врати и за други фестивали понатаму…Во конкуренција сме и за награда, ќе видиме.

Во селекцијата за најдобар дебитантски филм на фестиваслот во Монтреал се најдоа и неколку филмови од регионот, за екипата на филмот тоа е уште поголем предизвик.

– Колку што успеав да видам, можам да кажам дека конкуренцијата и минатата година и оваа, е прилично силна. Има 25 филмови буквално од секаде – од релативно “неразвиени“ до прилично “популарни” кинематографии како Иран, Јапонија, Бразил, Франција итн…

Се уште нема конкретен датум кога македонската публика ќе го види овој нов македонски игран филм.

tridenaFilm

„Три дена во септември“ како дебитантски долгометражен филм на режисерот, ќе се натпреварува за една од наградите на Светската компетиција на први филмови – Златен Сребрен и Бронзен Зенит.

Филмот е снимен по сценарио на Даријан Пејовски и Игор Иванов, директор на фотографија е Димо Попов, сценографија – Снежана Поњавиќ Муча, костимографијата е на Емилија Ивановска Атанасовска, шминка – Симона Ристевска, монтажа – Владимир Павловски и дизајн на звук Игор Поповски. Продуцент на филмот е Томи Салковски, ко-продуцент Валон Бајгора. Улогите ги толкуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Салаетин Билал, Милица Стојанова, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Кријезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи.

„Три дена во септември“ е копродукција помеѓу „Скопје Филм Студио„ од Македонија и „Иконе Студио“ од Косово, а проектот беше поддржан од страна на Агенцијата за филм на РМ и Косовскиот филмски центар.

tridenaFilm2

Режисерот Пејовски вели дека искуството да се сними прв игран филм во Македонија е голем предизвик

– Без разлика каде ќе се родите, дебитантски долгометражен филм е предизвик за кој никој не може да ве подготви. Олеснителна околност во нашиот случај беше што од самиот почеток имавме јасен концепт како да ја реализираме оваа приказна со релативно мал буџет. Имав голема поддршка од актерите, авторската екипа и продукцијата и на крајот го добив филмот што толку долго време сакав да го направам. На некој начин, жал ми е што заврши, вели Пејовски.

Проекциите на филмот во Монтреал се закажани за 2-ри и 3-ти септември во Cinéma du Quartier Impérial.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“