Поети од Индија, Израел, Франција,Турција и САД во Битола

Од:

Поетите Суџата Бхат од Индија, Сигал Бен Јаир од Израел, Линда Марија Барош од Франција, Метин Челал од Турција и Јусеф Комунјака од САД ќе гостуваат во Битола, информира Центарот за култура-Битола.

– Манифестацијата „Поезија на пат“ ја реализираме во соработка со меѓународниот фестивал „Струшки вечери на поезијата“, институција која ни овозможи во Битола да гостуваат големи и светки познати поетски имиња, добитници на значајни интернационални награди, рече Борче Димтровски, директор на Центарот за култура-Битола.

Тој информира дека Комунјака е еден од петте најголеми поети во САД и добитник на Пулицерова награда.

– Поетесата од Индија Суџата Бхат насекаде во светот привлекува со својата поезија, а Линда Марија Барош од Франција со романско потекло за своето поетско творештво неодамна ја доби големата награда „Аполинер“. Пред битолската публика ќе се претстави и Метин Челал кој во моментов е претседател на турската асоцијација на издавачи, а без сомнение со својот настап интерес ќе предизвика и поезијата младата поетеса Сигал Бен Јаир од Израел, истакна Димитровски.

За поетите од Индија, Израел, Франција, Турција и САД организирана е целодневна програма која ќе се реализира овој четврток. Поетите ќе имаат средби со деца од населеното место Бистрица, посета на Амриканското катче, Музејот во Битола, а во вечерните часови ќе настапат на летната сцена на Тумбе Кафе.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска