Над 300 илјади жители на јапонските префектури Фукока, Јамагучи и Кумамото во југозападниот дел на земјата добија препораки за евакуација поради тајфунот „Гони“, јави ТАСС.
Јапонските авиокомпании беа принудени да укинат денеска и над 200 домашни летови. Делумно е запрено и движењето на фериботите и е ограничено движењето по магистрали во регионот на минувањето на тајфунот. Жителите на десетици домаќинства останаа без осветлување.
Во моментов брзината на ветерот во центарот на тајфунот достигна 40 метри во секунда.
Тајфунот „Гони“ е 15. тропска бура, која се појавила во Тихиот Океан оваа година. Над 20 лица загинаа во налетот на „Гони“ на Филипините.