Лавров: САД испраќаат сигнали за подобри односи со Русија

Од:

САД испраќаат сигнали, дека сакаат да ги поправат односите со Русија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јави ТАСС.

Односите меѓу Вашингтон и Москва се влошија во изминатата година и половина поради конфликтот во Украина.

Лавров истакна дека Русија е подготвена за дијалог, но и дека нема намера да моли за подобрување на врските со САД.

– Но, ако добиеме предлог да започнеме, дури и постепено, да ги обновиме врските, механизмите за дијалог и соработка, замрзнати од нашите американски партнери, сигурен сум дека ќе се согласиме да ги вратиме тие врски, изјави Лавров на младински форум, додавајќи дека веќе добиле такви сигнали до Американците, но засега не многу јасни.

Лавров, исто така, истакна дека за Русија нема голема разлика кој ќе биде следниот претседател на САД.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија