Укинувањето на санкциите против Иран може да почне уште на пролет во 2016 година, изјави британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд.
Хамонд, кој е во посета на Техеран за отварањето на британската Амбасада, истакна дека уште отсега треба да почнат подготовките, со цел заедно со укинувањето на санкциите да почнат и инвестициите.