ВИДЕО: Нема повредени во експлозиите во американска база во Јапонија

Од:

Неколку експлозии и пожар во складиште во американска база во предградие на Токио беа регистрирани ноќеска по локално време, но во инцидентот нема повредени, јавија јапонски медиуми.

Експлозиите се случија по полноќ во складиште во градот Сагамихара, на околу 40 км. југозападно од Токио. Во зградата каде биле експлозиите има компримиран азот, кислород, фреон, се вели во соопштение на американската база.

Ѕидовите од бетонската зграда не се урнале, но оштетени се прозорци и врати, и урнат е само дел од покривот. Во комплексот кој има површина од 196 хектари и се наоѓа во густо населено подрачје вреботени се околу 500 Јапонци и 300 американски војници.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас