Пет интервенции на кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден

Од:

Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден интервенирале пет пати. Речиси на сите локации горела сува трева и стрништа, соопштија денеска надлежните од ТППЕ Куманово.

Првата интервенција е регистрирана во населба Ајдучка чешма. Четворица пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале на сува трева и стрниште.

Во село Орашац кумановските пожарникари гаселе сува трева и стрниште. Сува трева горела и на патот Куманово-Крива Паланка, таму интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Во село Горно Којнаре горела сува трева, која пожарникарите успеле да ја изгасат за два часа. Последната интревенција е во село Речица пришто тројца пожарникари со едно возило, еден час гаселе пожар на сува трева и стрниште.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Испратени се дополнителни сили за справување со пожарот над селото Копаница

(ВИДЕО) Голем пожар беснее во Солун: Повеќе од 100 пожарникари се борат со огнената стихија

Четири изгубени животи што не се забораваат – 14 години од пожарот над Струмица

(ВИДЕО) Пожарот што избувна во Толедо се прошири на поширокото подрачје на Мадрид

Трагедија во Перу: Пожар во Лима одзеде најмалку десет животи, загинаа пет деца

Даг Форд му одговара на Трамп: Апсолутно е неприфатливо, еден ден ние ќе ви требаме