Седумдесет и шест турски новинари се во затвор

Од:

Повеќето од новинарите, кои моментно се наоѓаат во турските затвори, биле испратени таму поради својата професионална дејност, се наведува во извештајот на Комитетот за заштита на новинарите, чие седиште се наоѓа во Њујорк.

Документот, кој се заснова на едногодишно истражување на судските дела против претставниците на медиумите во Турција, покажува дека „зад решетки“ моментно се наоѓаат 76 турски новинари, а 61 од нив завршиле таму како резултат на својата новинарска работа.

Бројот на новинари во затвор, со кој Турција ги надминува земјите како Иран, Еритреја и Кина, ја прикажува државата како најголем нарушувач на правата на медиумите.

Во минатогодишниот извештај Комитетот посочи дека само осум од сите турски новинари кои се наоѓале во затвор биле осудени поради својата работа, што предизвика остри критики и Комитетот започна посуштинско истражување.

Десетици турски новинари се затворени под обвинение дека учествувале во антивладините заговори, познати како операција „Чекан“ и Ергенекон. Владата тврди дека причините за нивно апсење не се поврзани со новинарската работа и не се политички мотивирани, и покрај тоа што многумина од уапсените се познати критичари на власта.

Извештајот во текот на следните денови лично ќе му биде предаден на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ