Лидерот на демократите во Сенатот ќе го поддржи договорот за иранската нуклеарна програма

Од:

Лидерот на деморкатското малцинство во Сенатот на САД, Хари Рид објави деќа ге го поддржи договорот за иранската нуклеарна програма при гласањето во идниот месец.

Тој е 27-от член на Горниот дом на Конгресот кој објави поддршка за договорот склучен во Виена меѓу групата 5+1 (пет постојани членки на СБ на ОН плус Германија) и Иран.

Конгресот на САД има 60 денови за да се произнесе за договорот. Ако го отфрли, САД нема да може да ги извршат обврските од деговорот, односно да ги укинат санкциите спрема Иран. Претседателот Барак Обама веќе изјави дека ќе стави вето ако Конгресот во кој доминираат републиканците гласа против договорот.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени