Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за труд и социјална политика, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица,  Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Законот за заштита од вознемирување на работно место, Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, Законот за волонтерство,  Законот за исплата на платите во Република Македонија, Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Законот за агенциите за привремени вработувања, Законот за инспекцијата на труд, Законот за евиденциите од областа на трудот, Законот за европски работнички совет, сите во скратена постапка, како и Предлог-законот за изменување на Законот за спречување и заштита од дискриминација во прво читање.

Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа по Предлог – одлука за изменување на Одлуката за испраќање припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

На дневен ред се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за приватно обезбедување, Законот за детективската дејност, Законот за гранична контрола, Законот за странците, Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови, Законот за заштита од експлозивни материи, Законот за прометот со експлозивни материи, сите по скратена постапка, како и Предлог-закон за безбедност на сообраќајот на патиштата во прво читање.

На седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се расправа по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за управната инспекција во прво читање, Законот за адвокатурата, Законот за спречување на корупцијата, Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, Законот за вештачење, Законот за медијација,  Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,  Законот за странската информативна дејност во Република Македонија,  Законот за матичната евиденција, Законот за архивски материјал, сите по скратена постапка и Предлог-законот за дополнување на Законот за постапување по претставки и предлози во прво читање.

Би можело да ве интересира

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски

Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите