ДОМ: Како граѓани, да ја покажеме повторно нашата хуманост и да издвоиме од своето срце

Од:

Длабоко сме потресени од драмата што се случува на грчко-македонската граница во Гевгелија, каде се соочени едни спроти други истоштени бегалци, посебно жени и деца, со претставници на полицијата и армијата, кои добиле невозможна мисија. Таа мисија на строгост и заплашување не е соодветна за дадената ситуација, ниту по содржина, ниту по употребените прекумерни средства на сила. Резултат беа расплакани деца и мајки, повредени полицајци и лоша слика за Македонија по светот.

Како држава потписничка на конвенциите за човековите права и правата на бегалците, треба соодветно да ја менаџираме состојбата и да обезбедиме хуман третман на бегалците, медицинска помош, и згрижување на најранливите категории. Треба да се обезбеди доволен број службени лица за побрза евиденција на бегалците, за згрижување на ранливите категории и пружање прва помош. Полицијата и војската секакако ќе помагаат но како за мирнодопски услови, за што се исто така обучени.

Хуманитарната криза на бегалците од воените жаришта премина во хуманитарна катастрофа од глобални размери и нејзиното решавање бара сериозен пристап од целата меѓународна заедница. Република Македонија треба да бара помош и координација на регионално и меѓународно ниво. Посебно треба да се внимава хуманитарната криза да не добие безбедносни димензии.

Во меѓувреме, сите ние, како граѓани, да ја покажеме повторно нашата хуманост и едноставно да одвоиме од своите усти, од своето време и од своето срце, па да им собереме неопходни прехрамбени продукти, вода, облека, покривки на бегалците.

ДОМ ја поддржува иницијативата на Хелсиншки комитет/ЛГБТИ центар за собирање потребни производи и по втор пат ќе влезе во хуманитарна акција.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски