Уапсен полицаецот кој земал пари од мигранти во Србија

Од:

Српскиот полицаец Мирослав Кузмановиќ од Белград е уапсен поради сомневање дека со уште еден колега ограбиле двајца мигранти од Сирија.
Полицаецот, за кој во медиумите има наслови “Срамотата на Србија“ на 18 август во центарот на Белград покажал службена легитимација и цело време држејќи го пиштолот под јакната за да го видат мигрантите побарал од двајца мигранти да извадат се што имаат од џеповите.

Од едниот мигрант зел 1400 евра, а од другиот 650 евра, но и личните документи. По грабежот, полицаецот со другиот колега заминале, но мигрантите ги пријавиле, по што криминалистичката полиција на Србија тргнала во потрага.

Полицаецот Кузмановиќ за брзо време бил идентификуван по што е направен и претрес во неговиот стан. Тој признал дека ги ограбил мигрантите но не го открива идентитетот на неговиот колега за кого полицијата вели дека ќе го пронајде. Осомничениот полицаец е приведен пред надлежното јавно обвинителство.

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ го осуди разбојништвото, и како што рече незаконското и нехумано однесување на полицаецот.

-Задача на полицијата е да се грижи за безбедноста на мигрантите и нема да се дозволи тие да се чувствуваат несигурно, некој да ги ограбува или малтретира, рече тој и додаде дека полициската значка никому нема да му донесе заштита пред законот, а секој облик на криминал ќе биде најстрого казнет.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ