Турскиот претседател повика за свикување парламентарни избори на 1. ноември

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика денеска за свикување на нови парламентарни избори на 1. ноември по неуспехот на преговорите за формирање на владејачка коалиција по изборите на 7. јуни.

– Доколу е божја волја Турција ќе гласа повторно на нови парламентарни избори на 1. ноември, истакна Ердоган пред новинарите при излегувањето од џамија во Истанбул.

Тој нагласи дека ќе се сретне со претседателот на Парламентот в понеделник за да ги преземе потребните чекори.

Ердоган ќе побара од премиерот Ахмет Давутоглу на почетокот на следната недела да формира преодна Влада, во која функциите ќе бидат распределени меѓу парламентарно претставените партии, изјавија високи турски функционери, јави БТА.

Рокот за преговорите за составување владина коалиција истекува на 23 август.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ