Утре во Крива Паланка четврто издание на „Џој фест“

Од:

Организацискиот одбор на фестивалот „Џој фест“ денеска во Локалната установа Градски музеј, Крива Паланка на прес – конференција го најави утрешното, четврто, издание на фестивалот „Џоифест“ кој ќе се одржи на плоштадот „Карпошово Востание“ со почеток во 20 часот.

– Ние како уметничка екипа на фестивалот и општина Крива Паланка веќе по четврти пат го организираме фестивалот за алтернативна музика „Џој фест“ на кој досега продефилираа некои балкански имиња, Бајага и инструктори, како и поголем дел од македонските групи и изведувачи, Бени, „Ептен“, „Фулиш Грин“, „Конкуеринг лајон“, „Смоукшејкерс“, Нокаут, Суперхикс, Венко Серафимов… при што можеме да се пофалиме дека програмскиoт дел на фестивалот ја промовира макеоднската алтернативна музика и може да се вброи во еден од ретките кои го прават тоа-изјави Александар Михајловски, уметнички директор на фестивалот.

Тој информира дека оваа година на фестивалот гостува балканската музичка ѕвезда  Ален Исламович и бендот „Кад би био Бијело Дугме“.

– Покрај главните гости за забавата на посетителите на годинашниот „Џој фест“ ќе бидат задолжени и два моќни македoнсkи бендови „Ај кју“ и „Шутка рома рап“, додека во промотивниот дел од фестивалот на сцената ќе настапи и кривопаланечкиoт бенд „Ребелс“ составен од талентирани надежни младинци, а водител, кој е истовремено е и наш драг пријател, ќе биде актерот Гораст Цветковски-рече Михајловски.

Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, како дел од организацискиот одбор упати благодарност до уметничкиот директор и останатите членови на одборот за ангажираноста за промоција и организација на годинашниот фестивал.

– Разновидниот репертоар на „Џој фест“ секоја година е со цел љубителите на рок -музиката  од сите генерации да уживаат, да бидеме атрактивни за да се привлече публика од сите краеви на Македонија и пошироко, за што е направена добра маркетинг-промоција, со памфлети, постери, видео-спот. Се надеваме годинава ќе забележиме рекорден број посетители, во предвечерјето на прославата на празникот на градот, рече Алексовски.

Михајловски потенцира дека е презадоволен од тоа као фестивалот се развива од востановувањето  досега.

– Фестивалот се развива одлично. Крива Паланка е мала општина и „Џој фест“започна како граѓанска иницијатива во 2012 година, но веќе следната година градоначалникот и локалната самоуправа застанаа зад нас како покровители и истиот од година во година прераснува во своевиден музички бренд на Крива Паланка, додаде Михајловски.

Според него се остварува и целта да се популаризира рок-музиката, особено помеѓу помладите генерации, што како што рече, на нивно огромно задоволство, се остварува, бидејќи се поголем број млади од градот музицираат и имаат свои бендови со кои настапуваат на разни настани од културата во општината.

– Веќе се планира програмата за следната година, а апелирам до сите младински рок-состави од општината и регионот да се пријават за учество за да бидат дел од следното издание, нагласи Михајловски.

Градоначалникот Алексовски додаде дека секоја генерација има свој препознатлив бенд со чијашто музика расте и се идентификува, а во Крива Паланка веќе една деценија не е така, па токму со фестивалот, рече, се трудат да заживее таквата музичка култура помеѓу младите.

Инаку, годинава се одбележува јубилеј од 50 години од создавањето на првиот рок-состав во Крива Паланка, „ВИС-витези“, кој бил формиран 1965 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

ВИДЕО: Дамиано Дејвид вплови во соло музички води

Синот на Мајкл Џексон откри зошто татко му им ги покривал лицата со маски во јавност

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ