Авион на израелското воено воздухопловство изврши ракетн напад врз една зграда на сирискиот, источен дел од Голанската висорамнина.
Нападот претставува одговор на Израел за ракатирањето на едно израелско село, во реонот на Галилеја, од територијата на Сирија.
Сириската државна телевизија објави дека израелската авијација погодила еден транспортен центар и државна зграда, во реонот на Кинеитра, но дека во овој напад, нема убиени или повредени лица.
Во претходниот напад од сириската територија, врз северните делови на Израел, нема жртви, освен што ракетата падната во реонот на едно село, предизвикала палење на сламата.
За ракетниот напад врз Израел, властите ја обвинија милитантната палестинска група Исламски Џихад, но за одговорна ја прогласи и владата во Дамаск, затоа што ракетата е испукана од сириската територија.
Исламски Џихад во своето соопштение објавено во Газа, ги отфрли израелските обвинувања, но групата претходно, на неколкупати се закани со „жестока офанзива„ доколку нивниот активист, Мохамед Алан, умре во затворот во Израел, каде два месеци штрајкуваше со глад.
Лидерите на Исламски Џихад дејствуваат од сириската територија и тие во една прилика признаа дека примаат пари од Иран. Ова признание израелската влада го користи за да ја критикува одлуката на САД (и на другите од меѓународната шесторка) за постигнување договор со Техеран, околу неговаа нуклеарна програма и за укинување на меѓународните санкции кон Иран.
Израел ја контролира западната страна на Голанската висорамнина уште од 1967 година, по шестдневната јунска војна, во која израелската армија успеа да ја добие битката со армиите на Сирија, Јордан и Египет.