Брачна двојка од Пенсилванија бара купувачи за својата куќа во која се снимени некои од сцените од познатиот трилер „Кога јагнињата ќе стивнат“.
Скот и Барбара Лојд ја ставија на продажба својата трикатна куќа во викторијански стил која во филмот од 1991 година била дом на Вафало Бил, сериски убиец и психопат кој киднапира жени и им ја дере кожата. Лојдови раскажале дека филмската екипа поминала три дена снимајќи во нивната куќа во Периополис, Пенсилванија. Тиа навеле дека подземната визба, во која филмскиот убиец држел една од своите жртви, сепак не постои. Тие сцени се снимени во студио. Куќата, која Лојдови ја купиле во 1976 година, понудена е на пазарот за 300.000 долари.
– Луѓето сакаат да се плашат. Можам некого да замислам како од ова прави забава – наведе агентот за продажба на недвижнини. Филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“, во режија на Џонатан Дем, со Џоди Фостер и Ентони Хопкинс во главни улоги е адаптација на романот на Томас Харис за др. Ханибал Лектор, брилијантен психијатар и канибал-сериски убиец. Филмот освои пет Оскари, вклучувајќи го и за најдобар филм, како единствен хорор кој ја освоил главната награда.