Објавен втор дел податоци за корисници на „Ешли Медисон“

Од:

Хакерската група „Имапкт тим“ синоќа објави втор дел информации за корисници на специјализираната страница за запознавање и дружење на луѓе во брак „Ешли Медисон“.

Компјутерски експерт, што ги преземал документите, изјави дека тие се автентични и вклучуваат компјутерска програма на страницата, внатрешни пораки и пораки до неговиот основач Ноел Бајдерман.

Пораката на хакерите до Бајдерман гласи: „Здраво Ноел, можеш да видиш, дека сега е вистина“. Тоа е одговор на хакерите, откако првичната реакција во вторникот на компанијаат Авид Лајф медија, сопственик на интернет страницата „Ешли Медисон“, објави дека објавените податоци можеби не се автентични.

Сопруги и сопрузи од целиот свет се соочуваат со вонбрачни афери на партнерите откако хакерската група „Импакт тим“, што пред еден месец ја проби заштитата на страницата вчера објави податоци за повеќе од 37 милиони корисници од 46 земји.

Стотици службеници во американските власти, вклучително луѓе на важни функции во Белата куќа, Конгресот и агенции за спроведување на законот, користеле интернет во своите канцеларии за пристапување и плаќање на такси за членство на страницата.

Министерот за одбрана Ештон Картер потврди дека Пентагон го разгледува списокот на луѓе, кои ги користеле воените адреси од електронска пошта, бидејќи неверството може да биде кривично дело согласно кодексот на армијата.

Страницата „Ешли Медисон“, чиј слоган е „Животот е краток, имајте афера“ има повеќе од 37 милиони корисници од 46 земји. Таа е формирана во 2001 година и е специјализирана за вонбрачни врски.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија