Давутоглу ги повика партиите во Турција да се договорат за преодна влада

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска упати последен повик до политичките партии во Турција да постигнат спогодба за преодна влада, која ќе треба земјата да ја подготви за избори.

– Подготвен сум да седнам и да разговарам во секое време се додека не се пронајде решение во Парламентот. Веројатност за склучување коалиција повеќе не постои, така што наместо да се обвинуваме меѓусебно треба да формираме влада, рече Давутоглу на прес-конференција во Анкара.

Повикот беше упатен три дена пред крајниот рок, 23 август, по кој претседателот Реџеп Таип Ердоган може да свика предвремени избори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ