Две лица во Полска тврдат дека пронашле нацистички воз натоварен со злато, кој според локална легенда исчезнал кон крајот на Втората светска војна додека Германците се повлекувале од советските сили.
Марика Токарска, официјален претставник од градот Валбжих, на југозапад во Полска, каде наводно е откриен возот, вели дека властите добиле писмо од адвокат кој ги застапува двете лица – еден со полско и еден со германско државјанство.
Тие сакале да останат анонимни и барале 10 отсто од вкупната вредност на скриеното богатство во замена за откривање на неговата локација.
Властите договориле средба со пожарникари и полиција за да се разгледа како да се извлече возот за кој се сомневаат дека е можно да е поврзан со експлозив.