Меѓународна ликовна колонија „Свети Пантелејмон“ од 25 до 29 август во Кочани

Од:

Меѓународната детска ликовна колонија „Свети Пантелејмон“ од 25 до 29 август ќе се одржи на повеќе локалитети во Кочани. Организатор по деветти пат е општина Кочани.

– На колонијата поканивме да учествуваат млади ликовни творци од повеќе градови на Македонија, а очекуваме да ни пристигнат и учесници од збратимените градови со Кочани, Сигентсентмиклош од Украина, Крижевци од Хрватска и од градот Казанлк, Бугарија. Младите ликовни творци ќе творат низ Кочанската котлина, а како инспирација ќе им биде старата кочанска архитектура, оризовите полиња, езерото Градче, мананстисркиот комплекс „Свети Пантелејмон“ и планината Осогово, изјави Аника Илијеска Горгиева од Одделението за општествени дејности на општина Кочани.

И годинава со младите ликовни творци ќе работи ликовниот педагог Александра Димитрова. Делата од Меѓународната ликовна колонија „Свети Пантелејмон“ ке бидат изложени на изложба по повод 7 Септември-Денот на ослободувањето на Кочани.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена