Судот во рускиот град Псков денеска осуди на 15 години затвор офицер на естонските служби за безбедност поради шпионажа.
Естонија тврди дека офицерот Естон Кохвер, бил киднапиран од непознати вооружени лица и одведен во Русија. Москва тврди дека Кохвер бил задржан на руска територија откако илегално ја преминал естонско-руската граница.
Кохвер е обвинет за шпионажа, илегална трговија со оружје и незаконско преминување на државната граниџа.
Естонските власти тврдат дека Кохвер истражувал организиран криминал во кој биле бмешани агенти на руската разузнавачка служба.