Истрага против двајца турски обвинители кои заговорот против ќерката на Ердоган го прогласија за лажен

Од:

Високиот совет на судии и обвинители во Турција отвори истрага против двајцата обвинители кои како невистинита ја оценија приказната за заговор за убиството на Сјумеје Ердоган, една од двете ќерки на претседателот Реџеп Таип Ердоган, информира весникот „Хуриет дејли њуз“.

Во февруари Главното обвинителство во Анкара почна истрага во врска со тврдењата, лиферувани во некои провладини турски весници, дека врз Сјумеје Ердоган се подготвувал атентат.

Според информациите, турското разузнавање пресретнало кореспонденција на Твитер, што откривала дека „паралелната структура“ (следбеници на движењето „Хизмет“ на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен) подготвува атентат врз Сјумеје Ердоган пред парламентарните избори на 7 јуни, со цел Реџеп Таип Ердоган да го држи настрана од предизборната кампања.

Под кореспонденција се сметале разменетите лични ставови на Твитер меѓу опозициски пратеници и турски новинари. Двајцата пратеници тогаш категорично ги отфрлија овие тврдења и се пожалија во обвинителството.

Обвинителите Хусеин Парлакалач и Мустафа Гокај поведоа неколку судски предмети против весниците за изречена клевета, а Главното обвинителство на Истанбул за фалсификуван го прогласи претпоставениот заговор за убиството на Сјумеје Ердоган, напиша весникот „Џумхуриет“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ