Данската тенисерка Каролина Возњацки е новиот шампион на турнирот во Москва откако во финалето ја совлада Саманта Стосур од Австралија со 6:2, 4.6, 7:5.
Тоа е трета победа, од вкупно шест меѓусебни дуели со Стосур, а до неа дојде по два часа и 15 минути игра.
При резултат 4:4 во одлучувачкиот сет, Возњацки спаси три брејк топки и не многу подоцна во 12-от гем ја реализираше втората меч топка.
Ова е јубилејна 20-та титула за Каролина Возњацки, а втора оваа сезона, по триумфот во Сеул во септември.