Малите политички партии бараат една изборна единица и отворени листи

Од:

Понатамошна демократизација е можна само со воспоставување на Македонија како една изборна единица по пропорционален модел, воведување на системот на отворени листи и укинување на прагот од собрани 1.000 потписи во секоја изборна единица и прифаќање независни листи со собрани 1.000 потписи вкупно од сите изборни единици. Ова се заклучоците што ги усвоиле учесниците на денешната трибина „Дали понатамошната демократизација на Македонија е можна без промена на изборниот модел?!“ што се одржа во хотел „Карпош“ во Скопје.

Трибината ја организираа Алијанса за позитивна Македонија, Демократска обнова на Македонија, Демократски сојуз и Партија за демократски просперитет – ПДП, а на неа учествува и претставници од левичарско движење Солидарност, Ленка и поранешни амбасадори.

Учесниците на трибината, се наведува во соопштението, се со став дека на овој начин ќе се овозможи поголемо политичко разногласие, со многу повеќе конструктивни политички идеи, а воедно ќе значи и намалување на ризикот од воспоставување на автократски тенденции.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата