Турција за еден месец спасила 18.300 лица во Егејското Море

Од:

Турската крајбрежна стража за еден месец спасила во Егејското Море речиси 18.300 бегалци, кои во се поголем број се обидуваат да стигнат до земјите од ЕУ.

Од 18.296 бегалци, кои се спасени во периодот меѓу 17 јули и 17 август, 5.276 се извадени од морето само минатата недела, се наведува во соопштението на турските власти.

Од почетокот на годинава, 36.511 бегалци се спасени во Егејското Море.

– Повеќето од спасените се илегални мигранти, кои тргнуваат со гумени чамци и потоа потонуваат во морето. Во летните месеци забележан е значаен пораст на бројот на случаи на нелегална миграција, наведува турската Влада во своето соопштение.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ