ВИДЕО: Патувачко кино на Македокс на „крајот на светот“

Од:

Патувачкото кино на „МакеДокс“ помина низ половина од селата во Дебарца (Дебрца) во кои се предвидени проекции на креативни документарни филмови. По Волино, Белчишта и Издеглавје, на 14 и 15 август платното го растегнавме во Мешеишта и на игралиштето кај стариот, и веќе разрушен, Задружен дом во селото Слатино.

„На проекцијата на документарците „Бабички на револуцијата“ и „The Look of Silence“ присуствуваа речиси сите педесетина постојани жители. „Селото како да се наоѓа на крајот на светот“, констатира Најденко Мирчески, познат како Пупе, сопственик на единствената продавничка во селото. Иако селото има богата историја и во него биле родени или дејствувале многу личности, што биле дел од македонската преродба и револуционери од сите периоди на создавањето на македонската држава, во денешно време до селото води тесен пат. Мештаните живеат главно со земјоделие, а поради пукната брана веќе неколку години го нема Слатинското езеро, кое било полно со риби. „Правите благородна мисија што ни донесовте кино во Слатино“, забележаа мештаните по завршувањето на проекцијата на филмовите, а нивната радост ја продолживме со „(С)Латино забава“, велат организаторите на Македокс.

patuvackiMakedox

Следните проекции на Патувачкото кино на „МакеДокс“ се во селото Ботун (17 август), с. Злести (18 август), с. Оровник (19 август), с. Лешани (21 август) и село Велмеј (22 август). Целта на Патувачкото кино е непосредно да влијае во процесот на децентрализација на културата во државата и да овозможи кинопроекции во мали и рурални места, кадешто жителите немале можност за синеастичко доживување повеќе од 40 години.

 

Би можело да ве интересира

Oтворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Ана Ололовска

Четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот на 13. „МакеДокс“ на 22 август почна со затворена сесија на Балканската мрежа

Ана Ололовска

Отворена изложбата „Спојка“ на почетокот на четвртиот ден на 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска

Отворање на 13. „МакеДокс“ на 18 август во Куршумли-ан

Ана Ололовска

Земја во фокус – Чешка на 13. МакеДокс“

Ана Ололовска

Бесплатна филмска проекција за загревање за 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска