На битолскиот универзитет во првиот уписен рок пријавени 1.300 бруцоши

Од:

Универзитетот „Св. Климент Охридски”-Битола во првиот уписен рок евидентира 1.300 заинтересирани кандидати за студирање во прва година и тоа се 35 отсто од вкупниот број понудени места за упис, информираат од Ректоратот на овој Универзитет.

На денешната прес конференција во Битола, проректорот за настава, професор д-р Сашо Атанасоски истакна дека огласени биле 3.803 места и постигнат е идентичен интерес за упис како и во минатата година.

– Задоволни сме од реализацијата на првиот уписен рок. Процентот на реализација од 35 отсто ветува дека по вториот и третиот уписен рок ќе имаме очекуван број на студенти во прва година кои би ја достигнале бројката од околу 2.500 студенти и тоа се реалните можности за упис на студенти на прв циклус студии, посочи проректорот Атанасоски.

Новата генерација студенти на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола најголем интерес за упис покажала за Факултетот за безбедност во Скопје и Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, потврдуваат од Ректоратот во Битола.

– Процентуално и според бројот на пријавени најголем интерес за упис регистриравме за Факултетот за безбедност во Скопје каде пријавени се 217 кандидати и на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид каде се пријавени 177 студенти. На останатите универзитетски единици интересот за студирање се движи од 25 до 35 насто што е во рамките на очекуваното ниво. Инаку и оваа година највисоко рангираните студенти ќе бидат ослободени од плаќање партиципација, нагласи Атанасоски.

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола денеска ги објави и конкурсите за упис на студенти во втор циклус студии (магистерски и стручно специјалистички студии) за што огласени се 1.185 места, како и за трет циклус студии (докторски студии) за што се огласени 111 места за 18 студиски програми.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование