Наградата „Струшко изгрејсонце“ за Васил Тоциновски

Од:

Авторот Васил Тоциновски за книгата „Победници“ е добитник на традиционаланата награда „Струшко изгрејсонце“, која се доделува за книга за деца и млади од македсонски автор.

Книгата ја издаде Хрватското книжевно друштво од Риека и Академски печат од Скопје, а содржи 38 куси раскази за деца кои со своите теми и мотиви ја опфаќаат возраста од градинка до завршување на основното образование.

– Почнуваат со учењето на јазикот и писмото и завршуваат со првите симпатии и љубови. Исполнети се со лиричност за децата и детството и се следи катадневието на малиот човек. Авторот него го има за рамноправен соговорник со кого се разговара и се донесуваат одлуки за односите во домот и семејството, за пријателството, за добрината и довербата. Со еден збор: приказните се напишани за децата Победници, зашто и кога се расне и старее  – детето таинствено живее во секој човек, се наведува за изданието.

Наградата Струшко изгрејсонце ја доделуваат Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје.

Досегашни добитници на наградата се писателите: Киро Донев, Панде Манојлов,  Петко Шипинкаровски, Добре Тодоровски и Трајче Кацаров.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска