Излезе од печат збирката раскази „Патникот“ од Борче Грозданов-Пандур, која е всушност патешествие меѓу него и неговиот другар, прерано починатиот актер Васил Шишков.
Преку низа анегдотско-хумористични случки во оваа книга сочинета од 14 раскази, дознаваме дека Васил ја има онаа душа што ретко кој ја поседува, дека знаеше и да се весели, дека можеше и да се радува, наспроти општо создаденото мнение дека „тој е само еден тажен лик, со кого судбината си поиграла…“.
Сплетките, но и убавите моменти што ги доживеа со авторот на книгата се едно отворено сведоштво за тоа дека и помеѓу „чудни“ луѓе може да постои искрена конекција и другарство запечатено за навек…
– Со ова книже од осумдесетина страници сакам да оставам нешто што ќе биде завештание за едни остварени, полуостварени и неостварени сни. Но, во ова завештание се поместени и моите искрени, весели, малку поинакви дружби од оние за кои знаеја да раскажуваат „душегрижниците“. Мислам дека успеав да оставам една трага која сега веќе никој не може да ја избрише, кусо додава за своето писание авторот Борче Грозданов.
Книгата „Патникот“ се продава книжарниците на „Феникс“.