Два воза се судрија утрово кај унгарското село Галгагута, 50 км североисточно од Будимпешта, при што се повредени 19 луѓе, соопшти унгарската полиција.
Портпаролот на унгарската железница МАВ Имре Кавалец изјави дека од 19 повредени, двајца се во тешка состојба.
Во возовите, кои во моментот на несреќата се движеле со брзина од само 20 км на час, се наоѓале 30 до 40 патници.
– Во тек е истрага за да се утврдат причините за несреќата, рече Кавалец.