Крава побегна од кланица и стана хит на Интернет

Од:

Во очајнички напор да ја зачува главата, една крава побегнала од кланица во Франција и успеала да избегне смрт, со што стана хит на Интернет.

Благодарение на организацијата за заштита на животните, една млада крава во иднина ќе живее мирен живот на село, далеку од месарскиот нож. Кравата побегнала од кланица во Амбер, на југоистокот на Франција.

Таа избезумено побегнала низ ходниците на зградата и излегла надвор. Нешто подоцна е пронајдена во дворот на блиската болница, каде е успиена, што ја спасило од „егзекуција“, со оглед на тоа дека поради инекцијата месото станало неподобно за човечка употреба.

Стефан Ламар, лидер на групата за заштита на животните, собра 1.500 евра за откуп на кравата.

– Оваа крава е симбол. Таа е доказ дека животните имаат чувства и свест и оти можат да доживеат стрес и да ја почувствуваат смртта. Сакавме да и дадеме уште една шанса, рече Ламар.

Таа е наречена Корнет (Мал рог) и сега чека принова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ