Времен режим на четири автобуски стојалишта во Скопје

Од:

Поради градежни работи од страна на Градежниот институт денеска од 8:00 до 15:30 часот во различни интервали нема да се користат четири автобуски стојалишта во Скопје.

Од 8:00 до 09:30 часот нема да се користи автобуската пред Сити мол, од Центар кон Ѓорче Петров, а од 10 до 11:30 часот автобуската постројка кај Градската болница, во правец од Тутунски комбинат кон Центар.

Од 12 до 13:30 часот нема да функционира автобуското стојалиште пред спортската сала Автокоманда и терминалот на автобуската линија бр. 2 во правец од Автокоманда кон Центар, а од 14 до 15.30 часот нема да се користи автобуската пред Шумарски факултет во правец од Автокоманда кон Центар.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан