Канадска двојка се венчала 12 пати во 12 различни држави

Од:

Канаѓаните Карл Фикс и Сенди Беуг имаат среќен брак, но не ја сакаат рутината: од Лас Вегас, преку Фарските острови, до Тимбуктуа, оваа двојка досега 12 пати ги размениле брачните завети во 12 различни земји, претворајќи го чинот на влез во брачната заедница во вистинска светска авантура.

Како што пренесува „ЦБС Њуз“, Карл (65) и Сенди (55) одлучиле секоја година, на друго место, повторно да стапнат на лудиот камен.

Од 2004, кога првпат ступиле во брак, тие се венчале 12 пати во повеќе од 12 различни земји во согласност со тамошните обичаи.

Својата прва свадба ја организирале во три земји: во Јужноафриканската Република, од која Сенди потекнува, во родното место на Карл во Германија и во Реџина, град во канадската покраина Саскачеван, во која живеат.

Две години подоцна, во текот на одморот во Мали, дошле на идеја повторно да се венчаат. Свечаноста била одржана според исламските обичаи, под шатор во средина на субсахарската пустина.

-Беше тоа фасцинантно културолошко искуство, рече Сенди, додавајќи дека тогаш тие дошле на идејата да ја повторат својата „свадбена пустоловина“.

Следната година, двојката се упатила во Катманду, во Непал, каде уште еднаш застанала на „лудиот камен“, овој пат во хиндуистички ритуал.

Следеле Лас Вегас, Фарските острови, Етиопија, Амазонија, а последен пат се венчале на палуба на брод на Гренланд. Ги венчал капетанот кој им ја отпеал традиционалната гренландска љубовна песна со величенствен глечер во заднината.

-Нашето 13-то “среќно’ венчавање најверојатно ќе биде во Монголија, најави Карл.

„Немаме намера да се запишеме во Гинисовата книга на рекорди. Тоа не е причината зошто ова го правиме. Уживаме во тоа и се забавуваме. Живот е краток“, заклучи Карл.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ