А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Спречен обид за нелегално внесување девизи

by А1он14/08/2015 - 16:1561
Share0

Царинските службеници од граничниот премин Блаце спречија обид за нелегално внесување на 34 илјади евра во државата.

Добивај вести на вибер

Како што информираат од Царинската управа, синоќа околу полноќ, за влез во државата се пријави автомобил марка фолксваген пасат со српски регистарски таблички, управуван од српски државјанин, придружуван од уште еден српски државјанин. На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, двајцата одговориле негативно.

– Поради сомневање во изјавата, лицата и возилото беа селектирани за детална контрола. При контрола на возилото, во касетата пред совозачкото седиште се пронајдени 34.000 евра, а по извршениот личен претрес, кај двајцата патници се пронајдени по 10.000 евра или вкупно 54.000 евра, соопшти Царинската управа.

За време на службениот разговор, се нагласува во соопштението, прекршителите изјавиле дека парите му припаѓаат на сопатникот и дека имале намера со нив да платат авио – транспортни услуги во Скопје.

Согласно Законот за девизно работење, по 10 илјади евра, износ кои може слободно да се внесат во државата им се вратени на прекршителите, додека остатокот од 34.000 евра е привремено задржан, а против нив е поведена и прекршочна постапка.

mvr

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он19/12/2025 - 15:3819/12/2025 - 15:39

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 12:14

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 20:00

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он03/12/2025 - 16:48

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 10:19

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Предраг Петровиќ23/11/2025 - 13:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен