Нов пад на вредноста на турската лира

Од:

По вчерашното пропаѓање на преговорите за формирање коалициска влада во Турција и се поизвесното одржување на предвремени парламентарни избори, вредноста на турската лира денеска забележа нов пад на вредноста во однос на амриканскиот долар и еврото.

Вредноста на лирата денеска се намали во однос на доларот за 0,58 проценти на 2,83 турски за една американска валута. Вчера при затворањето на Истанбулската берза еден долар чинеше 2,81 лири, отако во текот на денот забележа пад од 1,19 отсто.

Во однос на еврото, лирата денеска забележа пад од 0,65 проценти на вредност од 3,16 турски за една европска валута. Вчера лирата забележа пад во однос на еврото од 1,64 отсто, завршувајќи го денот на вредност од 3,13 лири за евро.

Експертите наведуваат дека причина за слабеењето на турската национална валута е зголемената неизвесност кај инвеститорите поради политичката криза предизвикана од неможноста да се формира нова влада по изборите на 7 јуни, на кои по 13 години владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) го загуби парламентарното мнозинство.

Од друга страна, полиитчката криза е засилена и од обновувањето на судирите меѓу турските сили и сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), која минатиот месец објави крај на примирјето прогласено во 2013 година, поради турските воздушни напади врз нејзините позиции во северен Ирак.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ