Пренасочување на сообраќајот на улица „Маџари“

Од:

Град Скопје соопшти дека утре поради реконструкција и проширување на улица „Маџари“, и тоа од крстосницата со улица „Јужноморавски бригади“ и улица „Антон Попов“ (старо Методија Андонов Ченто) до крстосницата со улица „Финска“, ќе бидат пренасочени автобусите 65В и 23.

Автобусите кои ја опслужуваат автобуската линија бр.„65В“, наместо по својата траса улица „Маџари“ продолжуваат по улица „Антон Попов“ се пренасочуваат по улица „Финска“ и продолжува по својата траса. Автобусите на автобуската линија бр.„23 се движат по улица „Маџари“,се пренасочуваат по улица „Финска“ и продолжуваат по улица „Антон Попов“ по својата траса. Истите траси ќе се користат и во обратна насока.

При измена на трасите ќе се користат постоечките автобуски стојалишта. Од Град Скопје истакнуваат дека сите учесници во сообраќајот треба да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја прилагодат на условите на патот.

Би можело да ве интересира

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје