Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) изрази задоволство од досегашните консултации со грчките власти и европските партнери и најави дека очекува од ЕУ да предложи решенија за отпишување на долгот на Грција, јави ТАСС.
Во соопштение на шефот на Мисијата на ММФ во Атина, Делија Велкулеску се наведува дека Фондот смета оти меморандумот за разбирање склучен меѓу Грција и нејзините кредитори претставува „многу важен чекор напред“.
– Меморандумот ги содржи основите на долгорочната политика за обнова на фискалната одржливост и за обезбедување на стабилност на финансискиот сектор и одржлив развој во Грција, се наведува во соопштението.
Според Велкулеску, ММФ сега очекува властите во Атина да подготват „подобро осмислена програма“ за реформи, а од своите европски партнери да донесат решение за олеснување на грчкиот долг.