Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се врати на лидерската позиција на АТП листата на 5-ти ноември без разлика на резултатите кои тој и неговите конкуренти ќе ги остварат.
Иако со играта и резултатите на турнирите во Шангај и Пекинг докажа дека е најдобар во моментот, Роџер Федерер ја задржа предноста со 195 поени повеќе од Ѓоковиќ.
Поради усогласување со термините од наредната сезона, АТП одлучи да ги избрише поените на сите тенисери од турнирите во Базел, Париз и завршниот настан во сезоната на Мастерсот во Лондон.
Тоа конкретно би значело дека Ѓоковиќ ќе истане без 560 бодови, додека на Швајцарецот ќе му бидат одземени дури 3.000 бодови.
Математиката е потполно јасна, Ѓоковиќ од 5. ноември ќе има 2.245 бодови повеќе од првиот тенисер во моментот.