Пола милион евра за две фасади на улица „Македонија“

Од:

Град Скопје ќе потроши повеќе од половина милион евра за реконструкција на две згради на улица Македонија. Станува збор за обнова само на предната страна од објектите.

Договорите се склучени со градежните фирми „Бауер БГ“ и „Пелагонија“ од Гостивар. Скопската „Бауер“ ќе ја реконструира предната фасада на зградата со број 43 за 417.000 евра, а гостиварската ќе биде задолжена за зградата со број 45 за 145.000 евра. Договорите имаат времетраење од три месеци.

Во изјава што градоначалникот, Коце Трајановски, ја даде вчера за медиумите, рече дека градската управа рационално и домаќински ги троши парите од буџетот на скопјани.

Фасадите на улица Македонија ќе содржат декоративни елементи како што се профилирани венци на кои ќе бидат испишани натписи со позлатени букви, тераси составени од пиедестали и декоративна конструктивна плоча и прозорци во декоративни рамки.

Ќе има и тендер за цвеќиња, кои ќе ги красат објектите.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски