Москва не гледа никаква противречност помеѓу евроазиските интеграции и развојот на односите меѓу Русија и Европската унија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Не гледам проблем помеѓу нашите процеси за интегрирање на евроазиското пространство и развојот на нашите односи со ЕУ. Уште повеќе, спремни сме да работиме на спојување на тие процеси“, изјави Путин, на отворањето на дводневниот Самит, Русија – ЕУ.
Тој потсети дека околу 50% од трговскиот приход на Русија го остварува со ЕУ и потенцираше: Ние сме заинтересирани за силна Европска Унија.