Гостување на германскиот писател и фотограф Јоханес Беилхарц

Од:

Во Струмица вечер и во Гевгелија во сабота ќе гостува Јоханес Беилхарц, писател, поет, преведувач, сликар и фотограф од Германија, кој живее и работи во Рим. Неговото гостување го организира Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ и е меѓу серијата настани за промоција на автори од светот.

Авторот ќе се претстави со изложба на црно-бели фотографии кои се дел од неговиот пообемен циклус што го работи во изминатите неколку години, а ќе има и поетска презентација.

Јоханес Беилхарц (1956) студирал англиски и романски јазици и литература на Универзитетот во Регенсбург, Германија, а потоа англиска литература/креативно пишување на Универзитетот во Колорадо во САД. Пишува на германски и на англиски јазик. Негови дела се застапени во најразлични изданија на англиски и германски, објавени во САД, Германија, Австралија, Романија и Индија.

Од 1980-та создава поетски читања, често придружени со џез и индиски класични музичари. Има учествувано на голем број уметнички настани и групни изложби во повеќе земји од светот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска